ПСЖ го освои и четвртиот трофеј оваа сезона.
Освоија се што можеше да се освои во Франција оваа сезона, денес успеаа да го освојат и Купот на Франција благодарение на победата над Ле Ербије со 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот погодок беше забележан во 26. минута од мечот, Ло Селсо доби топка, се намести на удар, па од некои 20тина метри погоди за 1:0.
Ле Ербије се држеше солидно денес, беа во игра на овој меч се до 74. минута, кога Кавани излезе сам пред голманот, го заобиколи, а потоа беше соборен, по што беше покажан удар на белата точка.
Сигурен изведувач беше токму Кавани за конечни 2:0.
Нов успех за ПСЖ, но генералниот впечаток е дека сопствениците на клубот се незадоволни од сезоната поради елиминацијата во Лигата на шампионите во осминафиналето од Реал Мадрид.