Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Риџе Федерер се надева дека ќе игра минимум уште две-три години и вели дека размислува на долги стази за својата тениска кариера.
Федерер не игра тенис уште од операцијата на коленото во јули, а на терен ќе се врати на Хопман купот во јануари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„За пензија размислувам само кога ќе ме прашаат. Не гледам на тој начин дека ова може да биде моето последно доаѓање во Австралија, иако тоа е многу веројатно. Позитивен сум, имав шест месеци пауза и се надевам дека ќе играм уште две или три години, а не уште неколку месеци. Така и размислувам“, истакна Федерер.