Дома Кошарка Видео: Голден Стејт и Хјустон на чекор од финале во Западот

Видео: Голден Стејт и Хјустон на чекор од финале во Западот

Шампионот на НБА, Голден Стејт синоќа не му остави никакви шанси на Њу Орлеанс и по победа на гости со 118:92 поведе со 3-1, а Хјустон го следи чекорот со шампионот.

Голден стејт одигра одлична одбрана, а во нападот едноставно незапирлив беше Кевин Дурант, кој уфрли 38 поени, додека Стеф Кари реализираше 23 поени. Кај домашниот тим, најмногу се истакна Ентони Дејвис со дабл-дабл ефект од 26 поени и 12 скока.

Во другата полуфинална серија во Западната Конференција, тимот на Хјустон ја совлада Јута со 100:87 во четвртиот натпревар одигран во Солт Лејк Сити и поведоа со 3:1.

Крис Пол со 27 поени и 12 асистенции беше прв играч кај Хјустон, додека Џејмс Харден постигна 24 поени. Дебитантот Донован Мичел со 25 поени беше најефикасен кај Џез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Симиќ со колеџ-рекорд го предводеше Тексас-Арлингтон до втор триумф

Теодор Симиќ постигна 24 поени во победата над Портланд со 89-85, што е негов најдобар пое…