Дома Фудбал Англија Венгер во недела се простува од „Емирати“: Тажен сум, го сакам овој клуб

Венгер во недела се простува од „Емирати“: Тажен сум, го сакам овој клуб

Арсен Венгер во Мадрид беше поразен со 1:0 од Атлетико во реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа и тука го заврши својот настап во Европа оваа сезона.

Лигата на Европа беше последна шанса за спас на сезоната на „топчиите“, но и последна шанса Венгер да стигне до еден европски трофеј како тренер на Арсенал, со оглед на тоа дека го напушта славниот клуб на крајот од сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој викенд Арсен Венгер за последен пат во кариерата ќе го предводи Арсенал на „Емирати“, па се очекува околу 60.000 навивачи за последен пат да се поздрават со легендарниот тренер.

„Имав одредено време во својата глава да ја прифатам идејата дека го напуштам клубот. Тажно, но се има свој крај. Не секогаш се завршува добро. Тажен сум бидејќи го сакам овој клуб и знам што тој претставува. Поминав тука 22 години и не е лесно да се замине. Сепак, се соочував со тешки ситуации и во минатото, па ќе го направам тоа повторно“, изјави Венгер.

Арсенал во недела со почеток од 17:30 игра против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гарначо веќе одлучил: Само еден клуб е негова желба!

Aлехандро Гарначо не го брза времето. Изборите не се многубројни, особено ако се размисли …