Искусниот фудбалер после скоро осум години ја завршува својата ера во Манчестер Сити, потврди менаџерот на овој клуб Пеп Гвардиола.
Туре во Манчестер Сити пристигна во 2010 година од Барселона за 27 милиони евра, а договорот кој му истекува за два месеци дефинитивно нема да биде продолжен и веќе наредната недела ќе биде одигран ревијален натпревар во негова чест.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заминувањето на Туре за англиските медиуми го потврди и Пеп Гвардиола кој не штедеше пофални зборови за играчот за врска.
„Јаја пристигна на почетокот на овој проект. Ние денес сме на ова место поради сето она што тој го направи за клубот“, изјави Шпанецот.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска со „граѓаните“ освои две титули шампион на Англија и забележа вкупно 229 настапи во Премиер лигата.