Дома Фудбал Лига на шампиони Ако Ливерпул ја освои ЛШ, Саутемптон ќе добие богатство

Ако Ливерпул ја освои ЛШ, Саутемптон ќе добие богатство

Ливерпул изминатите години направи неколку трансфери од Саутемптон, но сега може да ја наполни касата на „светците“ за додатни 10 до 15 милиони фунти, доколку ја освои Лигата на шампиони.

Таа сума доаѓа од бонуси кои со клаузули ги има во договорите на Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Клајн, Адам Лалана и Дејан Ловрен, кои беа купени од Саутемптон од 2014 година до денес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тоа воопшто нема да му падне тешко на клубот од „Енфилд“ кој до сега од Лигата на шампиони заработи 69 милиони фунти. Доколку го освои трофејот „црвените“ ќе добијат минимум уште 4 милиони фунти само од спонзорите.

Медиумите на Островот откриваат и каков бонус ќе добијат играчите на Клоп доколку ги победат Роналдо и дружината во Киев. Според „Сан“ секој играч ќе добие бонус од 750.000 фунти.

Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…