Дома Фудбал Палота: Ако не се воведе ВАР, ЛШ ќе биде за потсмев!

Палота: Ако не се воведе ВАР, ЛШ ќе биде за потсмев!

Претседателот на Рома, Џејмс Палота, изрази поддршка за воведување на ВАР во Лигата на шампиони, после синоќешниот дуел на „Олимпико“.

Римјаните тврдат дека се сериозно оштетни во мечот против Ливерпул, откако судијата Дамир Скомина донесе неколку одлуки во нивна штета.

„Сега е јасно дека системот е потребен во Лигата на шампионите за да се спречат такви нешта да се случат. Тие свират непостоечки офсајд на Џеко, а потоа сите ја гледаат играта со рака, само не судиите“, изјави Палота.

„Знам дека е тешко да се обвинуваат судиите, особено откако ќе загубиш по два натпревари, но Ливерпул мораше да остане со играч помалку во 63-та минута. Им честитам на пласманот во финалето, тие имаат одличен тим. Ако ВАР не се воведе наскоро, таквите работи ја прават Лигата на шампионите за потсмев“, заклучи Палота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …