Дома Фудбал Лига на шампиони Легендарниот Оливер Кан го прокоментира киксот на Улреих

Легендарниот Оливер Кан го прокоментира киксот на Улреих

kan

Голманот на Баерн Минхен, Свен Улреих е трагичар на вчерашниот реванш од полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во кој Баварците се простија од настапот во Лигата на шампионите оваа сезона.

Улреих катастрофално реагираше после повратната топка од Толисо, а сето тоа го искористи Бензема кој постигна гол за 2:1. Баерн потоа успеа да дојде до 2:2, но тоа не беше доволно за пласман во финалето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Киксот на резервниот голман кој оваа сезона е помеѓу стативите на Баерн поради повредата на Мануел Ноер го прокоментира и легендарниот Оливер Кан кој се потсети на негов сличен кикс.

„Многу е јасно дека имаше две замисли во тоа време – сакаше да ја фати топката со рака, но и да ја избие со нога. Таквите работи се случуваат и мене ми се случи такво нешто против Реал Мадрид при слободниот удар на Роберто Карлос“, се потсети Кан, а потоа доби прашање како се чуствувал.

„Не сакате да се разбудите следното утро“, кратко одговори Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…