Дома Фудбал Англија На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

Фудбалерите на Ливерпул викендов ремизираа на домашен терен против Стоук, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде Мохамед Салах.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Египќанецот оваа сезона е најдобар фудбалер на Ливерпул и до сега има постигнато 31 гол во Премиер лигата. Меѓутоа, на Салах не му „одеше“ на мечот со Стоук, а денес се појавија шокантни информации дека би можел да биде суспендиран.

Имено, се појави информација дека ФА го истражува моментот кога Салах наводно се обидел да го удри противничкиот играч. Англиските медиуми пренесоа дека Египќанецот би можел да биде суспендиран на три натпревари.

Сепак, на „Енфилд“ може да воздивнат, бидејќи ФА денес потврди дека Салах нема да биде суспендиран бидејќи јасно се гледа дека немал намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реконструкција на Манчестер Јунајтед започната: Засилување од Серија А за 45 милиони евра

МАНЧЕСТЕР Јунајтед го заврши својот прв трансфер ова лето, доведувајќи го Едерсон (26) од …