Дома Фудбал Лига на шампиони Проблеми и за Германците: Баерн Минхен без Робен во Мадрид

Проблеми и за Германците: Баерн Минхен без Робен во Мадрид

Баерн Минхен ќе биде значително ослабен во реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Арјен Робен нема да игра во реваншот од полуфиналето против Реал Мадрид во кој Баерн ќе „брка“ негатива од 1:2.

Холанѓанецот во претходните неколку дена поради повреда тренираше самостојно и неговиот настап беше под голем знак прашалник, а сега и дефинитивно е јасно дека нема да игра бидејќи не се најде на списокот патници за Мадрид.

Робен е фудбалер кој во своите нозе има одиграни многу важни и големи натпревари, па без сомневање тоа ќе биде голем хендикеп за Баерн.

Од друга страна Давиде Алаба и Хави Мартинез кои имаа балги повреди ќе бидат спремни за овој натпревар.

Да не заборавиме и Реал Мадрид има проблеми со повредите. Иско и Карвахал нема да бидат во комбинација за настап кај „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …