Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, во анкетата на агенцијата АП е избран за најдобар спортист во 2016 година, додека кај дамите наградата и припадна на гимнастичарката Симон Бајлс.
Леброн Џејмс, го предводеше Кливленд до првата шампионската титула во историјата на клубот. Во едно од најнеизвесните и највизбудливи финалиња Кливленд преку Голден Стејт стигна до титулата иако по четири натпревари губеше 1:3 во победи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејмс освои 59 гласови на уредниците, на медиумите кои ги користат услугите на агенцијата АП. Кошаркарот на Кливленд зад себе ги остави пливачот Мајкл Фелпс и атлетичарот Јусеин Болт.
Гимнастичарката Симон Бајлс на Олимписките игри во Рио де Жанеиро освои четири златни и еден бронзен медал.
Наградата за спортистка на годината таа ја освои пред пливачката Кети Ледецки и тенисерката Серена Вилијамс.