Фудбалерите на Реал Мадрид имаат предност во полуфиналето во Лигата на Шампионите совладувајќи го Баерн Минхен со 2:1.
„Кралскиот клуб“ сака трето последователно финале во најелитното европско клупско натпреварување и борба за третиот трофеј во низа. Реваншот во полуфиналето од Лигата на Шампионите во Мадрид на програмата е во вторник на 1. мај.
Тренерот на се уште актуелниот шампион на Шпанија, Зинедин Зидан на тој натпревар нема да може да смета на десниот бек Дани Карвахал. Искусниот дефанзивец ја повреди задната ложа и според првите проценки ќе биде отсутен помеѓу две и три недели.