Дома Фудбал Пари или трофеј: Барселона го бара одговорот исклучиво до мај?!

Пари или трофеј: Барселона го бара одговорот исклучиво до мај?!

Самјуел Умтити и натаму размислува. Новиот состанок на неговиот агент со управата не даде резултат, но постојат гласини дека тој посакува да остане во Барселона.

Каталонците не можат да му парираат на Јунајтед со финансиите, дури Умтити не би можел да добие ниту близу 9 милиони евра колку што нуди Мурињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој сепак смета дека за неговата кариера најдобро би било да остане во Каталонија, но од друга страна како што пишува „Спорт“, менаџерите го гледаат финансискиот интерес.

Барселона сака ситуацијата да ја реши до Мундијалот, Умтити да се изјасни, во спротивно ќе ја повлечат понудата за нов договор, а потоа останува Јунајтед, или некој друг да плати 60 милиони евра откупна клаузула и да го земе Французинот во своите редови.

Во тој случај, Барселона ќе се насочи кон Ленгелу, но како што се наведува во клубот не се многу загрижени, имено, тие сметаат дека и Вермален и Мина кои слабо добиваат шанса би можеле да го надополнат заминувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…