Дома Фудбал Англија Конечно се огласи Оливер: Тоа беа тешки денови!

Конечно се огласи Оливер: Тоа беа тешки денови!

Англискиот судија Мајкл Оливер за прв пат проговори во врска со контроверзниот пенал кој го досуди на мечот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оливер во последните секунди од мечот досуди сомнителен пенал во полза на Реал Мадрид, кој беше одлучувачки за пласман на „кралевите“ во полуфиналето.

После тоа англискиот судија доби лавина на критики, но и смртни закани.

„Тоа беа тешки неколку дена. Но во исто време беше убаво што толку многу луѓе после мечот беа спремни да ме одбранат. Тоа беше многу значајно за мене. После тоа многу луѓе ме сретнаа на улица и ми дадоа поткрепа. Убаво е да знаеш дека луѓето ценат дека сум донел правилна одлука“, изјави Оливер.

Мајкл Оливер ќе му суди на Манчестер Јунајтед и Челзи во финалето од ФА Купот, кое на програмата е на 19-ти мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…