Најагилниот поединец во редовите на Баерн Минхен во текот на вчерашниот натпревар со Реал Мадрид се огласи преку друштвените мрежи.
Франк Рибери на својот Твитер профил постави фотографија од вчерашниот натпревар на „Алијанц Арената“ и порача дека Реал Мадрид ја добил битката, но и дека војната не е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Битката е изгубена, но војната не е завршена. Ќе ги искористиме своите шанси во Мадрид“, порача Рибери.
Францускиот интернационалец беше најголема закана за Реал во вчерашниот натпревар, но немаше среќа да се запише во листата на стрелци или пак да биде асистент.
The battle is lost but the war is not over ?? we will get our chances in Madrid! #MiaSanMia #fr7? @FCBayern @ChampionsLeague pic.twitter.com/UQV9RIYeX3
— Franck Ribéry (@FranckRibery) April 26, 2018
Реваншот на програмата е наредниот вторник и останува да видиме дали Баерн ќе успее да ја надополни негативата и да се пласира во Киев или пак Реал ќе стигне до ново финале.