Дома Фудбал Лига на шампиони ПОЛУВРЕМЕ: Салах не се радува, но ја „полни“ Рома!

ПОЛУВРЕМЕ: Салах не се радува, но ја „полни“ Рома!

Ливерпул има голема предност против Рома од 2:0 на полувремето од првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони.

После почетното одмерување на силите, Рома прва се закани преку Коларов, кој во 18-та минута ја погоди пречката.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ливерпул првата вистинска шанса ја имаше во 28-та минута кога Мане излезе сам пред голманот Алисон, но шутираше над голот.

Само една минута подоцна Салах му ја сервираше топката на Мане во шеснаесетникот, но Сенегалецот повторно не беше прецизен.

Ливерпул во тие моменти беше надмоќен на теренот и во 33-та минута постигна гол преку Мане, кој оправдано беше поништен поради офсајд позиција.

Голот стигна во 36-та минута, откако Салах од аголот на шеснаесетникот со феноменален удар го матираше Алисон и не се радуваше.

Египќанецот во последната минута од првото полувреме постигна уште еден гол и му донесе предност на Ливерпул од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…