После СП во 2006 година, Германците го сакаат европскиот турнир.
Германскиот фудбалски сојуз денес поднесе кандидатура до УЕФА за организација на Европското првенство во 2024 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германците кандидатурата ја испратија на три дена пред истекот на рокот, а се очекува противкандидат да им биде Турција.
Поранешниот капитен на репрезентацијата, Филип Лам кој играше на Мундијалот организиран од Германија во 2006 година е избран за амбасадор на кандидатурата за турнирот.
„Ние сме космополитски домаќини, имаме добри стадиони и инфраструктура. Фудбалот кај нас е како дома“, изјави Лам за сајтот на УЕФА.
Претходно Европското првенство во 2020 година за прв пат ќе се одржи во 12 градови ширум Стариот континет – Глазгов, Даблин, Лондон, Билбао, Рим, Минхен, Амстердам, Букурешт, Будимпешта, Санк Петерезбур и Баку.