Изминатата ноќ во плеј-офот од НБА беа одиграни два натпревари.
Оклахома која важеше за еден од фаворитите зе конференциско финале, веќе е чекор од елиминација. Јута на свој паркет успеа да слави победа од 113:96 и така да поведе со 3:1 во серијата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Гостите само во првото полувреме беа рамноправен противник на разиграните кошаркари на Јута кои во продолжение беа фантастични. Роки Донован Мичел со 33 поени, седум скокови и четири асистенции беше предводник на Јута до важната победа. Со тоа тој стана првиот „новајлија“ кој постигнал повеќе од 30 поени во доигрувањето уште од 2010 година.
На Оклахома не и помогнаа ниту 34 поени на Пол Џорџ, како и 23 на Расел Вестбрук.
Хјустон полесно од очекувањата помина на гостувањето во Минесота каде што минатиот пат беше поразен. Рокетси славеа со 119:100, па сега имаат предност од 3:1 во серијата.
Џејмс Харден беше најефикасен со 36 поени, Крис Пол додаде 11 помалку, додека кај Минесота најрасположен беше Карл Антони Тоунс кој стигна до дабл-дабл од 22 поени и 15 скокови.