Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн трепери – Роналдо е „убиец“ на Германци

Баерн трепери – Роналдо е „убиец“ на Германци

Утре започнуваат полуфиналните дуели во Лигата на шампиони, а во центарот на вниманието е дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Особено во фокусот е Кристиано Роналдо поради својата неверојатна статистика против германските клубови.

Имено, Роналдо има постигнато 26 гола на 22 натпревари против германски тимови, односно 1,8 по натпревар.

Омилената „жртва“ на Португалецот е секако Баерн Минхен, на кои им дал дури 9 гола на шест меѓусебни натпревари.

Покрај Баерн, погодуваше уште и против Борусија Дортмунд и Шалке по седум пати, а на Волфсбург му има дадено 3 гола.

Првиот меч помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е во среда во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Големо враќање: Серхио Бускетс повторно е во Барселона!

Серхио Бускетс официјално се враќа во Барселона, но овој пат не како играч, туку како трен…