Дома Фудбал Италија Сари е јунак, но овој потег не му требаше

Сари е јунак, но овој потег не му требаше

Наполи синоќа во Торино оствари голема победа над Јувентус со 1:0 и сега е на само бод од првото место.

Наполитанците со голот на Кулибали во 90. минута дојдоа до полн плен на најтешкото гостување во Италија и со тоа го врати сонот за Скудето.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


„Да бидеме реални, и натаму се мали шансите да го поминеме Јувентус. Јуве останува пред нас, победивме ама скоро ништо не се промени. Ништо не е готово.“ – изјави тренерот на Наполи, Маурицио Сари после натпреварот.

Тој се најде на удар на дел од италијанските медиуми поради потегот пред натпреварот, откако од автобусот покажа среден прст на навивачите на Јувентус.

Сари поради овој потег може да биде казнет, а одредени медиуми пишуваат дека ваквото однесување не доликува на тренер кој води екипа која се бори за титулата во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тер Штеген е „персона нон грата“: Флик откри што му подготвува тимот

Марк-Андре тер Штеген поради своето однесување стана “персона нон грата” во Ба…