Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах изрази надеж дека ќе успее да ја задржи предноста пред Хари Кејн за наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата оваа сезона.
25-годишниот Салак има 30 погодоци во 32 натпревари во Премиер лигата, додека Кејн е со четири гола помалку на четири кола до крајот на првенството.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Соиграчите се обидуваат да ми помогнат во постигнувањето на голови, бидејќи знаат дека се обидувам да ја освојам „Златната копачка“. Тоа е индивидуална награда, но со постигнувањето на голови јас му помагам на тимот да освојува бодови“, изјави Салах.
Салах сака да ги искористи преостанатите четири средби во Премиер лигата и можните три во Лигата на шампионите за да го надмине рекордот на легендата на „црвените“ Јан Раш, кој во сезоната 1983-84 постигна 47 голови на 65 натпревари.
„Има голема шанса да го соборам тој рекорд, да се биде број еден во клуб како Ливерпул тоа е нешто големо. Ќе бидам среќен ако го сторам тоа. Притоа, сакам да го срушам и рекордот во Премиер лигата, а за тоа ми е потребен само уште еден гол“, заклучи Египќанецот.