Дома Фудбал Англија Арсенал избра тренер, но се зависи само од – Венгер!

Арсенал избра тренер, но се зависи само од – Венгер!

venger

Изгледа дека во клубот одлучиле кој би бил нов тренер, но она што нема да им се допадне на поголемиот број фанови на Арсенал е што изгледа дека се зависи само од Венгер.

Како што пишуваат англиските медиуми, Арсен Венгер нема да биде сменет и во случај клубот да не ја освои Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот наводно добил гаранција од сопствениците дека може да остане уште една сезона и без Лигата на шампионите, што сигурно ќе предизвика големо разочарување кај навивачите.

Значи, Арсенал нема да додели отказ на Венгер пред истекот на неговиот договор.

Од друга страна во случај да се случи спротивното, од таборот на Арсенал имаат решение за кое сметаат дека би можело да биде за подолг временски период.

Имено, Патрик Виера е прв на листата кандидати во клубот преовладува мислењето дека поранешниот капитен е можеби најдоброто решение.

Виера во овој момент работи во филијалата на Сити, Њујорк, јасно собира искуство, но во Манчестер Сити покрај Пеп Гвардиола во блиска иднина и не може да се надева на некоја шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…