Ждребот во овогодинешното издание на ЛШ одлучи Баерн и Реал Мадрид да се сретнат во полуфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Историјата на нивните полуфинални двобои им даваат надеж на Баварците, бидејќи претходно четири пати обезбедија пласман во финалето, но тешко е да се предвиди што ќе се случи овој пат.
Сепак, во таборот на клубот од Минхен владее оптимизам. Дека Баерн може да му застане на патот на големиот Реал уверен е и претседателот Румениге.
„Ако некој може да го победи Реал, тогаш тоа е Баерн.“ – изјави Румениге.
Победникот од овој полуфинален натпревар ќе се бори за насловот победник во ЛШ на 26 мај, каде во Киев ќе биде одигран финалниот натпревар.