Дома Останати Монте Карло: Во тешка борба и игра на нерви Ѓоковиќ го елиминираше Чориќ

Монте Карло: Во тешка борба и игра на нерви Ѓоковиќ го елиминираше Чориќ

djokovic

Во два неизвесни сета Новак Ѓоковиќ стигна до победата против Борна Чориќ.

Во мечот од второто коло во Монте Карло, Ѓоковиќ го совлада Чориќ со 2:0 во сетови 7:6 (7:2) и така избори пласман во 1/8 финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѓоковиќ започна одлично и стигна до предност од 4:1 во гејмови. Но потоа следуваше пад на Србинот, па Чориќ стигна до изедначување на 5:5. Во тешка борба Новак го доби наредниот гејм и така обезбеди тај-брејк.

Во тај-брејкот беше доминантен и го доби со 7:2.

Вториот сет го обележија брејковите, но еден повеќе направи Ѓоковиќ кој повторно брзо стекна предност и тука успеа и да ја одржи. Во финишот гледавме вистинска игра на нерви. Ѓоковиќ во деветиот и десетиот гејм пропушти дури девет меч топки против Чориќ кој не се предаваше.

Упорноста на Хрватот се исплатеше успеа да изедначи на 5:5.

Сепак, Новак веќе во следниот гејм стигна до нов брејк, а потоа на свој сервис ја обезбеди победата 7:5.

Во 1/8 финалето ќе гледаме меч помеѓу Ѓоковиќ и Австралиецот, Доминик Тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…