Дома Останати Полска и Србија ќе играат одбојка пред 70.000 гледачи

Полска и Србија ќе играат одбојка пред 70.000 гледачи

Одбојкарските репрезентации на Полска и Србија, во август, ќе го отворат Европското првенство на Националниот фудбалски стадион во Варшава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полска и Србија уште еднаш ќе одиграат одбојкарски натпревар пред рекорден број на гледачи, бидејќи на 31 август 2014 година дуелот на овие две селекции на отворањето на Светското првенство го следеа 61.500 гледачи.

За отворањето на Европското првенство капацитетеот ќе биде зголемен и се очекува на трибините да има рекордни 70.000 гледачи.

Континеталниот шампион за одбојкари, ќе се одржува од 25 август до 3 септември во Краков, Гдањск, Катовице и Шќеќин.

Полска и Србија партиципираат во А групата заедно со Естонија и Финска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…