Дома Фудбал Податок на сезоната: Од најдобар до најлош англиски голман

Податок на сезоната: Од најдобар до најлош англиски голман

Пеп Гвардиола сепак беше во право кога пред две години сакаше да го продаде Џо Харт и да ангажира нови голмани.

Поранешниот голман на Манчестер Сити, ги продолжи лошите игри прво во Торино, а сега и во Вест Хем.

Синоќа во ремито со Стоук повторно беше виновник за голот, со што ја продолжи лошата статистика.

Имено, тој на досегашните 18 натпревари направи четири директни грешки за гол, исто колку сите други англиски голмани заедно на 179 натпревари.

Не е ни чудно што го изгуби местото прв голман во репрезентацијата, каде сега пред Харт се Џек Батленд, Џордан Пикфорд и Ник Поуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија во жалост го пречекува Силекс: бодови за пресврт по поразите

Шкендија и Силекс денеска од 13 часот на Националната арена го затвораат 14. коло. Тетовци…