Дома Топ вести Шпанците откриваат: Иниеста ја прифатил понудата, заминува поради – винаријата!

Шпанците откриваат: Иниеста ја прифатил понудата, заминува поради – винаријата!

Според сегашната ситуација изгледа дека повеќе нема дилеми – Андрес Иниеста заминува во Кина!

Андрес Иниеста за помалку од еден месец ќе наполни 34 години и тоа е многу веројатно последниот роденден кој ќе го прослави како играч на Барселона. Имено, нов клуб на Иниеста наредната сезона се очекува да биде кинески Тијанџанин Куанџиан каде што настапуваат Алесандре Пато и Аксел Витсел.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Шпанските медиуми денес пишуваат дека освен платата големо влијание Иниеста да ја прифати оваа понуда е причина поврзана со неговата винарија.

Според изворите на шпанските медиуми, Иниеста веќе ја прифатил понудата и во договорот со новиот клуб има клазула која маркетиншки ќе му помогне во продажбата на неговите вина во Кина.

Очекувањата се наводно „Bodega Iniesta“ на кинескиот пазар да продаде најмалку два милиони шишиња со вино.

Иниеста својата винарија основаше во 2010 година, а најпознат негов производ е виното под име „Corzan Loco“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…