Хрватскиот стратег Нико Ковач доби огромна доверба од раководството на Баерн и ќе го наследи Јуп Хејнкес на клупата на Баварците.
Од Ковач се очекува да ја продолжи успешната серија на Баерн во Германија, но и да се обиде да ја освои Лигата на шампиони. Германските медиуми тврдат дека Баварците ќе му одобрат солиден буџет за летни засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв на листата желби на Ковач е неговиот сонардоник од Барселона, Иван Ракитиќ. Тој одлично го познава германскиот јазик и лигата бидејќи настапуваше за Шалке, па Ковач смета дека би бил идеално засилување за Баварците.
Барса не размислува за продажба на Ракитиќ, но во случај на добра понуда спремна е да преговара и веќе бара негова замена.
Ракитиќ веќе има 30 години, а Каталонците се спремни да го подмладат тимот и како замена за Хрватот се споменуваат Кристиан Ериксен од Тотенхем и Миралем Пјаниќ од Јувентус.