Денес во Нион беше одржана ждрепката за полуфиналето од Лигата на шампионите и истата ги спои клубовите кои оваа сезона се најпријатно изненадување Ливерпул и Рома.
Посебно среќен овој двомеч го направи човекот кој го носеше дресот и на италијанскиот и на англискиот претставник – Џон Арне Рисе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рисе седум сезони помина во Ливерпул, за во 2008 година да премине во Рома каде што помина три сезони. Норвежанецот може да биде среќен поради тоа што ако ништо друго еден од неговите поранешни клубови ќе игра во финалето во Киев.
„И секако дека тоа се случи! Ливрпул – Рома во полуфиналето, па еден мој тим сигурно ќе игра во финалето. Морам да си набавам дрес пола-пола. Среќен сум и поради Рома и поради Ливерпул, само малку ми е жал што еден од нив ќе остане без финале. Тие ги имаат најдобрите навивачи, тоа ќе бидат два луди натпревари“, изјави Рисе.
Рисе со Ливерпул беше шампион на Европа во сезоната 2004/2005, триумфираше уште во Суперкупот на Европа, ФА Купот, Лига купот…додека во Рома не забележа преголем успех.