Од осум натпревари во НБА, единствено Кливленд славеше на домашен терен, индивидуално Вестбрук со 42 поени ја предводеше Оклахома до триумф кај Њу Орлеанс.
Кливленд славеше против Милвоки 113:102. Леброн Џејмс постигна29 поени, а Кајри Ирвинг имаше учинок од 31 поен и 13 асистенции. Двајца се истакнаа и кај Милвоки, Јанис Адетокумбо (28 поени) и Џабари Паркер (27 поени).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нема нов трипл-дабл за Расел Вестбрук, но тој продолжува со фантастични партии да и носи победи на Оклахома. На гостувањето кај Њу Орлеанс постигна 42 поени, имаше десет скокови и седум асистенции, неговиот тим триумфираше со 121:110.
Резултати:
Кливленд – Милвоки 113:102
Атланта – Минесота 84:92
Детроит – Мемфис 86:98
Чикаго – Вашнгтон 97:107
Њу Орлеанс – Оклахома 110:121
Феникс – Хјустон 111:125
Јута – Сакраменто 93:94
Портланд – Далас 95:96