Дома Фудбал Гранитната одбрана на Рома – без примен гол на домашен терен во Лигата на шампионите!

Гранитната одбрана на Рома – без примен гол на домашен терен во Лигата на шампионите!

Единствениот клуб во Лигата на шампионите кој оваа сезона се уште не примил ниту еден гол на домашен терен е Рома.

Рома до овој момент одигра пет натпревари на домашен терен на кои постигнуваше импресивни резултати. Со 3:0 „римјаните“ славеа против Барселона и Челзи, Шахтјор и Карабах ги победија со по 1:0, додека со Атлетико одиграа реми 0:0.

Алисон, Манолас, Фазио и остатокот од одбраната можат да бидат горди на својот допринос за големите резултати на „волчицата“ оваа сезона. Сите обично зборуваат за оние кои ги постигнуваат головите, но Рома на домашен терен во Европа оваа сезона има гол разлика 8:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…