Тешка, за поголемиот дел од фудбалската јавност и невозможна мисија е пред Јувентус – во Мадрид да се надополни поразот од 0:3 на домашен терен.
Сепак и покрај тешката ситуација, стратегот на „старата дама“ верува во чудо во Мадрид.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Кој не верува дека можеме да го елиминираме Реал, нека не се качува во авион“, порача Алегри, а потоа продолжи да зборува Џорџо Киелини.
„Во фудбалот и животот никогаш не знаеш што може да се случи. Потребен ни е совршен натпревар, среќа и позитивна лудост. Ако брзо поведеме со 1:0, се е можно..“, порача дефанзивецот.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус на програмата е утре со почеток во 20:45 часот.