Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Треба да напаѓаме на „Етихад“

Ван Дајк: Треба да напаѓаме на „Етихад“

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Вирџил ван Дајк го советува тренерот Јирген Клоп да не го чува резултатот на „Етихад“ против Манчестер Сити, туку да нападне.

„Нападот ќе биде најдобрата форма на одбрана за Ливерпул во претстојниот реванш против Манчестер Сити од четвртфиналето во Лигата на шампиони“, изјави Ван Дајк.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Треба да мислиме дека резултатот е 0:0, а не 3:0 во наша полза. Ние сме должни да продолжиме да размислуваме како да го освоиме натпреварот, иако тоа е малку чудно при резултатот од првата средба. Подобро ќе биде да напаѓаме, а не да се браниме. Знаеме дека сме силни во одбрана и сме компактни, но треба и да напаѓаме. Имаме обврска да пробаме да ја зголемиме нашата предност, а не да ја браниме оваа што ја имаме“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…