Дома Фудбал Лига на шампиони МОЖНИ СОСТАВИ: Дали е можно Гвардиола и вечерва да ја направи истата грешка?

МОЖНИ СОСТАВИ: Дали е можно Гвардиола и вечерва да ја направи истата грешка?

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва на домашен терен го играат реваншот од четвртфиналето во ЛШ против Ливерпул .

Играчите на Пеп Гвардиола на своите навивачи им направија непријатно изненадување со поразот од 3:0 во првиот натпревар на „Енфилд“ и јасно е дека пред Сити е речиси невозможно да се пласира во полуфиналето. Многумина го критикуваа Гвардиола поради тактиката во првиот натпревар, односно бидејќи на левиот бек го стави Емерик Лапорт.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тоа на најдобар начин го искористи Салах кој постигна гол и асистираше во првиот натпревар. За жал по Гвардиола, Египќанецот најверојатно ќе биде подготвен за реваншот, иако во првиот натпревар мораше да го напушти теренот поради повреда.

Но, англиските медиуми се во чудо, бидејќи Гвардиола не се „опамети“ по првиот натрпевар. Наводно, шпанскиот стратег повторно ќе излезе со идентичен состав, односно на левиот бек ќе заигра Лапорт. Единствената промена е во нападот, каде што на местото на Габриел Хесус ќе игра Агуеро.

Што се однесува на Ливерпул, јасно е дека Клоп нема да менува многу работи и според пишувањето на англиските медиуми на теренот ќе излезе со истиот состав како и во првиот натпревар на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…