Вечерва Манчестер Сити и Ливерпул ќе го одиграа реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ, кој ќе биде голем предизвик за екипата на Пеп Гвардиола.
Како што е веќе познато, Црвените на Етихад доаѓаат со предност од 3:0, а многу веќе ги прогласија за полуфиналисти во ЛШ иако предстои најтешкиот дел од работата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити е клубот кој оваа сезона ги помести границите во англискиот фудбал, но се чини дека влезе во криза во најважниот дел од сезоната. Двата тима оваа сезона веќе еднаш играа на Етихад и Манчестер Сити тогаш славеше со 5:0, но со играч повеќе уште од првото полувреме.
Граѓаните не се отпишани и сигурно ќе има што да кажат, а интересно е тоа што обложувалниците им даваат колку-толку реални шанси да се пласираат во полуфиналето. Обложувалницата Моцарт за победа на Граѓаните дава коефициент од 1.45, а за пласман во полуфиналето 6.00. Коефициентот за победа на Ливерпул е 7.00, а за пласман во полуфиналето е 1.13.
Интересно, најхрабрите навивачи на Сити и натаму типуват дека овој клуб ќе ја освои ЛШ. Моцарт за ова дава коефициент од 17.00.