Фудбалерите на Барселона вечерва на домашен терен играат против Леганес во натпревар од 31. коло на шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб сака и понатаму да остане непоразен во досегашниот дел од сезоната во домашното првенство, а сигурно дека Барселона вечерва е огромен фаворит на „Камп Ноу“. Шпанските медиуми пред вечерашниот натпревар одлучија да се вратат дваесет години назад. Имено, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Барселона, Самуел Ето на самиот почеток на својата кариера настапуваше токму во дресот на Леганес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ето дресот на овој шпански клуб го носеше во сезоната 1997/98., но не се докажа премногу. Камерунскиот напаѓач во дресот на овој клуб одигра 30 натпревари и постигна „скромни“ четири гола. Од другата страна, за Барса во периодот од 2004. до 2009. година на 145 натпревари постигна 108 гола. Овој 37-годишен напаѓач во моментов е член на турскиот Коњаспор во кој на почетокот на оваа година пристигна од Анталијаспор.