Дома Фудбал Јувентус потврди: Алегри останува 100%

Јувентус потврди: Алегри останува 100%

Во последно време се погласни се шпекулациите дека Масимилиано Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.

Гласите уште повеќе се зголемија после поразот од Реал Мадрид, а и самиот Алегри потврди дека е спремен да го напушти италијанскиот фудбал.

Меѓутоа, спортскиот директор на „старата дама“, Бепе Марота ги демантираше шпекулациите и потврди дека Алегри сигурно останува во Торино.

„Макс Алегри 100% ќе биде требер на Јувентус и следната сезона. Разговаравме после мечот со Реал и двете страни имаат желба да продолжи соработката“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…