Дома Топ вести И тоа се случи: Роналдо доби честитки од Барселона!

И тоа се случи: Роналдо доби честитки од Барселона!

Мајсторијата на Кристиано Роналдо против Јувентус во Торино никого не остави рамнодушен.

Роналдо поради фантастичните „ножички“ доби аплауз од фановите на Јувентус, а потоа и честитки од целата фудбалска јавност.

Роналдо толку добро одигра во Торино, што доби и честитки од редовите на лутиот ривал Барселона, поточно од Иван Ракитиќ.

„Секоја чест за Роналдо. Оној гол беше нешто неверојатно и феноменално. Останав без зборови“, изјави играчот за врска на Барселона.

И неговата Барселона е на чекор до полуфиналето после победата над Рома, па можно е да гледаме нивни дуел во Лигата на шампиони оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рој Кин со жестока критика за Кол Палмер: „Заборавете дека ќе ја однесе Англија до трофеи“

Легендарниот ирски фудбалер Рој Кин упати жестоки критики кон англискиот репрезентативец К…