Дома Фудбал Италија Раиола ја запечати судбината на Балотели: Познато името на новиот клуб..

Раиола ја запечати судбината на Балотели: Познато името на новиот клуб..

Марио Балотели веројатно следната сезона ќе го облече дресот на Рома.

Контроверзниот напаѓач има договор со Ница со крајот на оваа сезона, па без никаква оштета ќе може да го напушти клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Неговиот агент, добро познатиот Мино Раиола, денес оддржа состанок со претставниците на римскиот тим на кој како што се наведува бил склучен договорот.

Исто така, на истиот состанок, се зборуваше за новиот договор на мласиот Пелегрини, но Балотели беше главна тема.

Така што, Џеко повторно ќе има конкуренција од Балотели. Тие порано заедно настапуваа во дресот на Манчестер Сити и беа со одлични односи.

Балотели неодамна откри дека би сакал да дојде во Рома иако во минатото настапуваше за Интер и Милан.

„Би сакал да дојдам во Рома. Тоа е голем клуб со фантастични играчи и навивачи. Мислам дека никому не би му пречело да дојдам“, истакна Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…