Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Пике се изедначи со Алвес, пред него се само две легенди на Реал

ЛШ: Пике се изедначи со Алвес, пред него се само две легенди на Реал

Барселона во вчерашниот четвртфинален натпревар против Рома успеа да стигне до победа од 4:1.

Головите за Каталонците на оваа средба ги постигнаа Пике и Суарез, додека два гола си постигнаа фудбалерите на „волчицата“, Де Роси и Манолас.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дефанзивецот Жерар Пике со својот погодок влезе во топ три најефикасни дефанзивци во историјата на Лигата на шампионите. Пике стигна до бројката од 12 погодоци во својата кариера во најелитното европско натпреварување.

Пике се израмни со својот поранешен соиграч и сегашен член на ПСЖ, Даниел Алвес, додека пред не го се две легенди на Реал Мадрид.

Најефикаснипот дефанзивец во историјата на Лигата на шампионите е Роберто Карлос со 16 погодоци, втор е Иван Хелгуера со 15, па на третата позиција се Пике и Алвес, а зад нив Серхио Рамос и Кристијан Панучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…