Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола после дебаклот: Имаме уште 90 минути, исто како Јуве и Севиља

Гвардиола после дебаклот: Имаме уште 90 минути, исто како Јуве и Севиља

Шпанскиот тренер на клупата Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговата екипа има шанси да се најде во полуфиналето на Лигата на шампионите, иако во четвртфиналето загуби на Енфилд од Ливерпул со 3:0.
Иако екипата на Пепа Гвардиол изгледаше беспрекорно во текот на целата сезона, сепак го предаде оружјето на Енфилд и изгледаше беспомошно. Сепак, Пеп смета дека не е сè завршено и дека има уште 90 минути на Етихад каде што се е можно.

“Во фудбалот се е можно, а резултатот е таков каков што е, но сеуште имам чувство дека не е готово. Верувам во мојот тим кој се покажа многу добро оваа сезона. Имаме 90 минути, исто како и Јувентус и Севиља, иако е комплицирано бидејќи играме против врвен тим. Сега е тешко, бидејќи ни требаше гол, но не можевме да постигнеме.” – изјави Гвардиола на прес-конференцијата по натпреварот и додаде:


“Во оваа просторија, веројатно, никој не верува дека можеме да поминеме, но утре ќе ги убедиме играчите дека тоа е можно”. Сите навивачи прават поинаква атмосфера, знаеме веќе како е на Енфилд. Исто така знаеме дека дома не смееме да примиме гол ако сакаме понатаму. Моите играчи мора да имаат доверба во себе, тие имаат тим со карактер”.
Љубителите на фудбалот нема да чекаат долго за реваншот, бидејќи веќе за пет дена Сити на Етихад го пречекува истиот ривал и тука ќе видиме дали предноста од 3:0 беше доволна за Салах и компанија.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…