Ливерпул на својот Енфилд ја шокираше машинеријата на Пеп Гвардиола и во првиот натпревар од четвртфиналето славеше победа со резултат 3:0.
Црвените дојдоа до висока предност пред реваншот на Етихад, но сепак навивачите на Ливерпул ги загрижи повредата на првата ѕвезда, Мохамед Салах.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, во 52. минута од натпреварот Салах мораше да го напушти теренот поради, барем така изгледаше, проблеми со препоните, а иако се уште нема детални информации за неговата повреда тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека се ќе биде во ред со Египќанецот.
„После натпреварот ми рече дека се е во ред, дека е добро. Се надевам дека е така.“ – кратко прокоментира Клоп за повредата на Салах.
Доколку се работи за потешка повреда, синоќешната победа би била скапо платена за Ливерпул, поради фактот што Салах игра неверојатна сезона и е нерешлива енигма за противничките одбрани.