Многу возбудувања видовме во првото полувреме на првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид има предност во Торино со голот на Кристиано Роналдо уште во 3-та минута. Португалецот најдобро се снајде во шеснаесетникот по центаршутот на Иско.
Во 20-та минута Игуаин имаше голема шанса да го израмни резултатот , но Навас го одбрани неговиот удар.
Возбудливо е и во Шпанија каде резултатот помеѓу Севиља и Баерн е 1:1. Најпрво предност на домаќините им донесе Сарабија во 31-та минута.
Меѓутоа, само неколку минути подоцна Рибери донесе израмнување за Баварците, но голот официјално беше запишан како автогол на Навас.