Напаѓачот на Манлестер Сити, Серхио Агуеро ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул поради повреда на коленото, потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Агуеро нема одиграно натпревар од 4-ти март и натпреварот против Челзи, бидејќи на тренингот после мечот го повреди левото колено.
Гаврдиола се надеваше дека Аргентинецот ќе се опорави и дека на утршниот меч ќе биде на клупата, но тоа нема да се случи.
„Серхио остана во Манчестер, не дојде со тимот. Тој е многу подобро, но лекарите денес разговараа со него и им кажа дека и понатаму има мал проблем“, изјави Гвардиола.
Првиот натпревар од четвртфиналето помеѓу Сити и Ливерпул ќе се одигра утре на „Енфилд“ во 20:45 часот.