Дома Фудбал Останато Русите најавуваат тужба: Од поранешниот играч на Барса и Арсенал бараат оштета од 40 милиони евра

Русите најавуваат тужба: Од поранешниот играч на Барса и Арсенал бараат оштета од 40 милиони евра

Рускиот клуб Рубин Казан најави тужба против својот поранешен фудбалер и истакна дека ќе бара оштета од дури 40 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, станува збор за играчот од средниот ред кој помеѓу другите го носеше дресот на Арсенал и Барселона, Алекс Сонг.

Русите тврдат Сонг еднострано и самоволно си го раскинал договорот. За Рубин потпиша во летото 2016 година, а клубот го напушти овој јануари.

Покрај споменатата оштета од 40 милиони евра, Русите бараат и суспензија за 30 годишниот Камерунец.

Сонг во Русија имаше договор според кој заработуваше четири милиони евра годишно. Договорот му имаше важност до 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…