Хатем Бен Арфа која неодамна најави заминување од Пари Сен Жермен оваа сезона не одигра ниту една минута во дресот на „светците“.
„Ме боли кога гледам тоа што му го прават во Париз. Тој талентиран колку и Меси“, неодамна изјави Карим Бензема кој со Бен Арфа беше кадетски шампион на Европа во 2004 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бен Арфа од минатата година е во втор план и натпреварите на ПСЖ ги следи од трибините. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а и покрај неиграњето не сакаше да го напушти клубот поради големата плата.
Зошто Бен Арфа не игра? Тајната сега ја открива „Франс Фудбал“. Имено, реномираниот спортски магазин тврди дека проблематичниот фудбалер во април минатата се шегувал со шеикот Ал Тани за тоа колку е тешко да се дојде до претседателот Ал Келаифи.
Според францускиот медиуми тоа не е единствениот проблем кој го направил. Бен Арфа му се потсмевал и на тренерот Унаи Емери кого го имитирал како зборува француски. Неговите шеги им се допаднале на соиграчите, но не и на тренерот.
Откако Емери не го користеше Бен Арфа во историскиот натпревар и поразот од 1:6 од Барселона, Французинот му порача дека никогаш нема да го поминат 1/8 финалето. Емери му возврати да не биде себичен и да не се замислува дека е Меси.
Соиграчите предводени од Дани Алвес бараа тој да се врати во првиот тим, но немаа никаков успех.
Да потсетиме, пред десетина година Хатем Бен Арфа важеше за еден од најталентираните француски фудбалери. Се очекуваше да биде голема ѕвезда и носител на француската репрезентација, но неговата кариера никогаш не се разви на начин каков што фудбалската јавноста очекуваше.
Интересно, пред две години беше отпишан од Њукасл, премина во Ница одигра фантастична сезона во која постигна 17 голови и ја одведе Ница до четвртата позиција. Потоа бираше помеѓу ПСЖ, Барселона и Челзи, веројатно погреши во изборот…