Дома Фудбал Лига на шампиони Стравуваат од суспензија: 20 фудбалери под закана да ги пропуштат реваншите во 1/4 финалето

Стравуваат од суспензија: 20 фудбалери под закана да ги пропуштат реваншите во 1/4 финалето

ls

Ги дочекавме и четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, а ова секако се важни податоци.

После тринеделната пауза продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите. Одредени играчи мораат да бидат внимателни доколку сакаат да имаат право за настап и во реваншот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен доминира на оваа листа со дури петмина фудбалери на кои им се заканува суспензија доколку заработат жолти картони.

Следуваат Јувентус, Манчестер Сити и Севиља со тројца, Ливерпул и Рома со двајца и на крајот Барса и Реал со по еден играч кој е под закана за суспензија.

Во вторник од 20:45 часот се сретнуваат Јувентус – Реал Мадрид и Севиља – Баерн Минхен, додека во среда во истиот термин играат Барса – Рома и Ливерпул – Манчестер Сити.

Во продолжение ви ги претставуваме фудбалерите кои ќе го пропушат реваншот доколку заработат жолт картон.

Баерн Минхен – Боатенг, Кимих, Руди, Толисо, Левандовски 

Севиља – Меркадо, Ескудеро, Бен Једер 

Јувентус – Киелини, Бентакур, Алекс Сандро 

Реал Мадрид – Серхио Рамос

Барса – Серхио Роберто

Рома – Манолас, Пероти 

Манчестер Сити – Данило, Фернандињо, Гундоган 

Ливерпул – Морено, Хендерсон 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…