Сите љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваат првите дуели во четвртфиналето во ЛШ, а еден од натпреварите кој секако ќе привлече внимание е оној во кој силите ќе ги одмерат двата англиски клуба, Ливерпул и Манчестер Сити.
Ливерпул во среда на „Енфилд“ ќе ја пречекаат „машинеријата“ на Гвардиола која веќе сега ја слави титулата во Англија. Сепак, сигурно е дека нешто ќе се прашува и Ливерпул во овој дуел, со оглед на тоа дека моментално веројатно не постои екипа против која избраниците на Клоп не можат да постигнат барем еден погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако најголемата опасност по голот на Сити ќе биде триото – Салах, Мане и Фирмино, а за тоа е свесен и Пеп Гвардиола кој пред мечот на „Енфилд“ полажа дека и самиот е воодушевен од офанзивната линија на „Црвените“.
„Не е тоа само Салах, тука се и Мане и Фирмино, сите тројца се фантастични. Тие се речиси недопирливи. Тие се фантастични играчи. Начинот на кој игра Ливерпул е комплициран за нас, тоа го знаеме. Тие се брзи, и толку се добри, па оттаму ќе биде тешко да се игра против нив“, истакна Гвардиола и додаде:
„Но, тоа е четвртфиналето во ЛШ, така што не треба да очекуваме дека ќе имаме лесна работа“.
Салах, Фирмино и Мане заедно оваа сезона постигнаа 75 погодоци во сите натпреварувања, така што Гвардиола со право „стравува“ од триото на Ливерпул.
Инаку, средбата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити на распоредот е в среда со почеток од 20:45.