Дома Фудбал Германија Хамес останува Баварец: Германскиот шампион го откупува договорот од Реал

Хамес останува Баварец: Германскиот шампион го откупува договорот од Реал

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез останува во Баерн и по истекот на позајмицата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хамес во Баерн пристигна од Реал на двегодишна позајмица, а сега Баварците имаат намера да го откупат неговиот договор за 42 милиони евра.

Како што се наведува, воспоставени се контакти помеѓу претставници на Баерн и Реал и сите прилики укажуваат на тоа дека колумбискиот репрезентативец постојано ќе биде пчлен на најголемиот германски клуб.

Како што пишува Марка, Хамес учи германски јазик и планира на подолго време да остане во Минхен. Некогашниот играч на Порто и Монако во 28 натпревари оваа сезона постигна пет погодоци и запиша 11 асистенции.

Хамес го очекува СП во Колумбија во Русија, а полека ја слави и титулата со Баерн во германската Бундеслига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…