Дома Фудбал Англија Погба му одговори на Мурињо и најави заминување од „Олд Трафорд“

Погба му одговори на Мурињо и најави заминување од „Олд Трафорд“

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба категорично тврди дека нема никакви проблеми со Жозе Мурињо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите веќе подолго време пишуваат за нивната нетрпеливост, а Мурињо во последно време не пропушта шанса да го „бицне“ за неговата лоша форма.

„Не постои проблем меѓу мене и Мурињо. Не сум јас тој кој што го бира тимот, прашајте го тренерот зошто играм малку. Јас само можам да ви кажам дека ги почитувам неговите одлуки“, изјави Погба.

„Дали сакам да заминам од Манчестер Јунајтед? Рано е се уште за разговори околу трансфер, се може да се случи“, дипломатски одговори Французинот.

„Морам да признаам, дека мојот сон е еден ден да играм со Нејмар, Меси или Роналдо, но тоа не значи дека би сакал да се преселам во нивните клубови“, изјави Погба, а медиумите оваа изјава ја протолкуваа како најава за заминување од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…